СЈО пред исклучување на струјата – Јовески тврди бомбите ќе бидат на безбедно

Две неплатени сметки за струја, вода, парно, но и две неземени плати ги исплашија вработените во поранешното Специјалното Јавно обвинителство. Стравуваат и за својата, но и за судбината на прислушкуваните разговори, предметите и доказите кои се наоѓаат во зградата на СЈО. Дел од нив брифираат дека ако се исклучи струјата ќе се исклучи и видео надзорот, а безбедноста на материјалите ќе биде загрозена. Од друга страна тие веќе два месеци се без здравствено осигурување и плати. Државниот обвинител Љубомир Јовевски, кој ги презема обвинителите во своето обвинителство за Телма вели дека нема опасност за предметите, но има за вработените во СЈО.

  • Нема да дозволиме безбедноста на материјалите да биде ставена во опасност. Ќе се најде решение за неплатените сметки. Проблем е што на вработените во СЈО нема кој да им потпише плата поради што сега немаат ниту здравствено осигурување, изјави Јовески.

Со разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева и враќањето на останатите обвинители во матичните обвинителства, СЈО како институција нема ниту кој да ја згасне.

Телма дознава дека министерството за правда изготвило дополна на законот за јавнообвинителски службеници. Со неа надлежностите врз јавнообвнителската служба во случај кога нема Специјален јавен овинител би ги превзел Државниот обвинител Јовевски. Уште пред повеќе од еден месец измените се даден кај пратениците, но не се знае која пратеничка група ги блокира, велат од правда.

Според информациите на Телма пратеничката група на СДСМ ги има кај себе измените. Но проблем има меѓу коалиционите партнери во власта. Извори од собранието за Телма брифираат дека ДУИ бара овие измени да одат во пакет со законот за јавно обвинителство. Поради ова, ниту пратениците на СДСМ не го предлагаат. Инаку законот за обвинителство со кој би се решил и статусот на СЈО е одамна блокиран и нема договор ниту меѓу власта и опозицијата. Во меѓувреме предметите се распределени кај обвинителите на сјо, кои сега работат и во зграда која останала без фирма за одржување на хигената, поради тоа што нема кој да потпише нов договор.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ