
СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на ЈО
Неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство, се вели во соопштението објавено на официјалната страната на Специјалното јавно обвинителство.
-Jа известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на СЈО.
-Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително, се наведува во соопштението од СЈО.