СЈО останува без 18 истраги отворени по јуни 2017

18 истраги на СЈО, две обивненија отворени по јули 2017 се доведени под прашање. Откако Врховниот суд со големо мнозинство денел одлука да ја прифати иницијативата на адвокатите Еленко Миланов и Боро Тасевски кои бранат повеќемина обвинети од СЈО и да донесе начелно правно мислење дека истраги не можеда се отвраат по истекот на 18 месеци од преземање на бомбите. Во соопштението од врховен стои дека СЈО не може да го пречекори рокот од 18 месеци од преземање на материјалите од прислушуваните разговори  кој се сметаше за истечен на 30 јуни 2017 кога СЈО поднесе до судот 18 обвиненија

По истекот на тој рок од 18 месеци, (СЈО) не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, велат од врховен.

Но познавачите велат дека предметите не пропаѓаат  бидјеки сега можат да бидат предадени на редовното обивнителство да ги процесуира и да ги заврши, но разликата е во тоа што државното обивнителство не може да ги користи бомбите како докази, туку само како индиции.

Последниве година и половина СЈО отвори 18 истраги меѓу кои и „Попис“ за Али Ахмети, „Империја“ за Мијалков, Камчев и др, „Моќник“ за Антонио Милошоски, „Пациент“ за Бујар Османи но и двете обивненија за „Талир“ за финаисрањето и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за кое веќе е закажано за да почене судење во февруари.

Начелното правно мислење на Врховниот суд не е закон, но има моќ врз пониските судови да го почитуваат.

Универзитетските професори периодов беа поделени околу ова прашање дали СЈО смеело да покренува истраги, но според упатените клучниот удар на СЈО ќе биде зададен доколку се донесе закон со кој тие нема да можат да ги користат бомбите во иднина.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ