
СЈО негира дека со објавувањето на имињата во новите истраги се крши презумпцијата на невиност
На пауза од судењето за кинеските автопати, екс премиерот Никола Груевски не сакаше да говори за новите истраги на СЈО. Јанева го сомничи во две од шесте истраги „Пропагнда“ за контролирање на медиуми со државни пари и во „Хармонија“ за продажба на државно земјиште по нерелано ниска цена.
За вчерашните обвинувања на Груевски преку фејсбук обвини дека случаите се фабрикувани а целта била политички прогон на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на промената на името по неуспешниот референдум. Од СЈО велат дека не коментираат политички изјави и дека работат согласно законите.
Валјон Белја кој од пред неколку дена е економски директор на Гинекологија на фејсбук отвора дилема дека зад истрагата „Пациент“ каде осомничен е вицепремирот Бујар Османи, се крие битка за претседателското место во ДУИ. Тој потсетува дека СЈО, на почетокот на оваа Влада и издало документ дека сегашните министри не се дел од нивните истраги но потенцира и дека „Некој се исплашил дека Османи станува претседател на ДУИ“.
По критиките во дел од јавноста дека СЈО со име и презиме ги објави сите осомничени, од таму тврдат дека тоа „Не претставува нарушување на презумпцијата на невиност“. Зошто порано СЈО објавуваше истраги дури без иницијали а сега ја промени таа пракса, нема одговор. Невладините велат оваа дебата се води и во светски рамки.
Од јули минатата година СЈО не може да подигинува обвиненија и од тогаш отвораат само нови истраги. Колку од нив се при крај од СЈО официјално не откривааат. Неофицијално се дознава дека неколку меѓу кои и „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ се пред завршница. Познавачите велат дека има можност обвинителството за организиран криминал врз основа на доказите и истрагата на СЈО да понесе обвиненија.
Во стратегијата за реформа во правосудството објавена минатата година, е предвидено СЈО да се интегрира кон државното обвинителство, но со автономна надлежност проширена и со гонење на кривични дела од висок профил на корупција. За овие законски измени е потребно 2-3 мнозинство и за нив се уште не е разговарано со опозицијата, велат од министерството за правда.
Елена Ивановска Мукоска