
На Груевски во „Траекторија“ ќе му се суди во отсуство
Без присуство на бегалецот Никола Груевски, продолжува денеска рочиштето за предметот на СЈО, „Траекторија“. На почетокот од судењето, судијата прочита известување дека од унгарското МВР добиле потврда дека Груевски е во Унгарија, по што обвинителката Лиле Стефанова побара да му се суди во отсуство, бидејќи е во бегство. Адвакот на обвинетите, Еленко Миланов побара да се раздвои постапката за Груевски и да му се суди одвоено.
Од задниот влез на судот со лисици на рацете беше донесен и обвинетиот, поранешен министер за транспорт Миле Јанакиески, кој ја издржува мерката притвор во затворот во Шутка.
Во „Траекторија“ обвинети се и поранешниот вицепемиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службаната должност за тендерот за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Обвинети се земање провизии и направена штета на буџетот во вредност од 155 милиони евра.