СЈО ќе се решава по изборите

Законот за јавно обвинителство со кој се решава статусот на СЈО доби нов рок, средината на Мај да биде изгласан.

Ова се оптимистичките очекувања на власта а опозицијата пак се уште ги подготвува забелешките на последните последните пакет измени кои правда пред повеќе од две недели им ги испрати а според кои државниот обвинител Јовески ќе предводи комисија од обвинителите со искуство поголемо од 15 години кои ќе прават распределба на предметите дали се за во СЈО или за организиран криминал.

Власта и опозицијата се воздржани во откривањње на детали но се најавуваат конкретни чекори по изборите

Државниот обвинител Љубомир Јовески е подготвен да формира комисија со искусни обивнители доколку се донесе такво законско решение но вели за ова се информира од медиумите бидејки не учествува во преговорите.

“Не сум консултиран бидејќи не учествувам во  процесот на преговори за законот за Јавно обвинителство но доколку се донесе закон со такво решение ќе постапиме според законските одредби. Нема да има можност за субјективизмот при распределување на предметите бидејќи со законот ќе биде строго определено кој предмет е во надлежност на кое обвинителство според кривичните дела” – порача републичкиот обвинител Јовески.

По повекемесечните стручни дебати и разговори мегу коалиционите партнери, мегупартиските преговори се последни кои го моделираат законот за судбината на десетици истраги на СЈО во кои осомничени се политичари како Никола Груевски, Али Ахмети, Бујар Османи, Антонио Милошоски Игор Јанушев  и други.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ