СЈО и симболот на „Сваровски“ судството се сретнаа надвор од судница

СЈО и симболот на сваровски судството се сретнаа надвор од судница- сега наместо на различни страни седеа на иста маса и дебатираа за состојбата во нивната професија. Судијката Лидија Петровска, беше спомнувана во бомбите каде нејзина колешка зборува со Сашо Мијалков дека со свраовски накит ја купила позицијата.

Но токму поради сваровски бомбата, тимот на Катица Јанева бараше нејзино во случајот Тврдина 2. Но Петровска остана да суди и веќе пресуди во тој случај во кој од СЈО бараше и декласификација на документи кои беа докази за криминал.

На крај по еден одговор на специјалната обвинителка Јанева, Петровска истакна дека инспирирана од неа ќе даде свое видување- зошто обвинителите и судиите не се сакани од оние кои се обвинети.

Оваа чудесна правна романса се одвиваше и пред очите на публиката и другите гости додека коалицијата Сите за правично судење ја презентираше својата анализа како се одвиваат судските предмети за организиран криминал  и корупција.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ