
СЈО го повлече обвинението за „Сопот“
Не постојат докази кои го потврдуваат обвинението за „Сопот“, единствениот доказ бил сведочењето на Рамадан Бајрами дадено под присила. Ова е образложението со кое специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот колега Бурим Ристеми на денешното рочиште на кое се даваше завршен збор, се откажаа од обвинението за „Сопот“.
По ова судијата им изрече ослободителна пресуда на обивнетите за тероризам. На шестмина им се судеше, четворица беа недостпани а еден почина. Задовцолни се што по 15 години низ судските ходници завршува нивното гонење за тероризам. Поминаа и повеќе години зад решетки. Највозрасниот обивнет Сулјеман Сулејмани 7 години бил во затвор, Зејнел Хаики 3,5 години.
Адвокатите ќе бараат и оштета за годините минати во притвор и очекуваат да се спогодат со Министерството за правда.
Дали имаат лоцирано други осомнчени Јанева не открива.
Во 2003 години двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Случајот го следеа многу контраверзии. Во Собранието беше формирана анкетна комисија врз основа на која беше укината пресудата и започна ново судење кое траеше со години.
Елена Ивановска Мукоска