СЈО го доби предметот „Монструм“

Предметот Монструм е во рацете на СЈО трет ден и сега се проверува дали има надлежност врз него – јавноста ова го дозна на денешното рочиште против обвинетите за 5-кратното убиство кај Смилковци. За адвокатите на обвинетите очекувањата се дека во законскиот рок од 8 дена, СЈО ќе одлучи да го земе предметот и дека во прислушуваните разговори има нови докази за случајот.

Семејствата на убиените се незадоволни од спората правда. Во судницата гласно негодуваа и и бараа судот да ја убрза постапката и да се открие вистина. -Нашите деца шест години скапуваат во гроб, имате ли душа судија имате ли деца, гласно прашуваа родителите на убиените момчиња и тврдеа дека постојано се жртви на политички преговори.

4-ца тинејџери и еден рибар беа свирепо убиени во април 2012-та покрај Смилковското езеро, а масакрот се поклопи со Велики четврток. Полицијата во акција Монструм уапси неколкумина, а 6-мина беа обвинети за тероризам и осудени на доживотен затвор. Но врховниот суд лани ја поништи пресудата и процесот почна од почеток. Во меѓувреме СЈО одлучи да го побара и да одлучи дали ќе го преземе предметот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ