
СЈО ги сомничи Груевски и Јанакиески за „Актор“
Грчката фирма Актор незаконски го добила тендерот за авотпатот Демир Капија-Смоквица и кеширала речиси 8 милиони евра, откива СЈО со најновата истрага. Експремиерот Гуревски го потиккнал тогашниот министер за транспорт Јанкиески да ја фаворизира Актор иако најефтина била понудата на италијанската фирма Тото, вели Фетаи.
„Првоосомничениот, како претседател на Владата, со цел во постапка на јавна набавка за избор на понудувач кој ќе го гради автопатот Демир Капија – Смоквица да не биде избран понудувач од Република Италија, кое правно лице според првоосомничениот во Република Македонија го претставува „комуњар“, и кое нешто воопшто не му се допаѓа, и повеќе му се „допаѓаат оние од југ“, рече Фетаи.
Според Фетаи, криминалните дејства продолжиле и во текот на изградбата на автопатот кога милионски суми евра заработени преку незаконскиот тендер биле испрани преку скопската подружница на Актор и 3 фирми подизведувачи. Преку фиктивни договори и паралелен систем на ангажирање на вработени во фирмите им се исплќале нерелано високи надоместоци од 6 до 14 илјади евра месечно.
„Во повеќе наврати на десет редовно вработени лица во правното лице Топометрија ДООЕЛ Скопје е исплатен износ од 1.173.000 евра во денарска противвредност, кои што пари веднаш по самата исплата по претходна најава до филијалата во Неготино за обезбедување на доволно количество ефективни странски валути, биле конвертирани во странска валута – евра и во ист момент подигнати во готовина од страна на вработените, кои што готовински пари биле предавани на една од осомничените, која што понатаму ја прикрива локацијата на готовинските пари“, вели Фетаи.
Груевски негира, вели имало комисија и набљудувачи од ЕУ а тендерот и бриселскиот филтер.
Овој случај го објави СДСМ уште додека беше опозиција а државното обвинителство отвори предистржана постапка која не ја заврши до крај и се жалеше на несоработка со грчките власти. Сега специјалното обивнителство ќе корисити и мегународна правна помош да собира докази за десетмина осомничен, меѓу кои Груевски, Јанкиески и управителите на фирмите и 4 фирми кои ги сомничи дека биле дел од мрежата на перење пари. Побаравме став и од скопската подружница на Актор, но од таму до сега нема одговор.
„Моќник“ пак е кодоното име за истрагата на СЈО против пратеникот Антонио Ммилошоски кој според Фетаи, со помош на градоначалникот на Македонски Брод издејствувал неговиот татко „багателно“ да купи имот во кој била сместена општина Пласница, иако тоа било земјиште на државата а не општинско. Му праќал инсепекции на градоначалникот на Пласница Исмаил Јаоски, кој ова го пријавил во владата а нарачал незаконска лустрација и за судија од Кичевскиот суд за кој сметал дека го штити Јаоски велат од СЈО.
Милошоски кусо искоментира дека ова е политички инспириран случај со намера фасадно да послужи да ги затскрие Коѕијас, двојазичноста и случајот „Монструм“.
Елена Ивановска Мукоска