
СЈО да биде дел од државното, но да работи целосно независно, предлагаат невладините од Блупринт
Случајот Рекет е шанса за македонската држава конечно да почне борбата со корупцијата со целосна истрага. Размилсувањето на членовите на Блупринт коалицијата е дека со истрага и утврдување на сите факти ќе може да се види што се случувало и што направиле политичарите и пред се специјалната обвинителка Јанева. Невладините се противници на тоа што се објавуваат детали и често контардикјторни информации од случајот кој може да биде пресврт и да покаже конечно волја за борба против корупција од висок профил.
За судбината на СЈО, експертите од Блупринт велат дека предложениот владин концепт за фузирање на тамошниот тим со организиран криминал не е она што го предлагале, бараат СЈО дури и да биде дел од обвинителскиот систем да остане целосно независно и финансиски и во истрагите.
Од блупринт го искритикуваа и лагодниот однос на судскиот совет и новиот претседател Здравев кои според нив се уште тактизираат со постапките против судиите. Судскиот совет игра на сигурно и само со судии кои се обвинети како Панчевски, додека например за Јово Вангеловски одиграа наивно, заклучуваат од блупринт.
Блупринт коалицијата невладини ги следи судските реформи.
Миомир Серафиновиќ