
Сите лидери на кандидатските листи, Мицкоски шпицен кандидат
Заев ќе биде кандидат во четворка, Гаши во двојка, а Ахмети, Села и Касами ќе се соочат во шестка.
Од лидерите, веројатно само Мицкоски ќе остане надвор од кандидатските листи како шпицен кандидат.
Во другите изборни единици, битката за гласови ќе ја водат други истакнати партиски и надпартиски кандидати, кои ќе бидат соопштени наредниве денови.
СДСМ промовира нов модел: двајцата први кандидати на листите – маж и жена, ќе ги смета како носители. Официјално се потврдени двајца од нив:
Се шпекулира дека во првата изборна единица ќе бидат Мила Царовска или Рената Десковска и Никола Димитров, во втората Оливер Спасовски, во третата Љупчо Николовски, во петтата Венко Филипче или некој од претходно споменатите, а во шестата Билал Касами.
ВМРО ДПМНЕ најверојатно ќе ја предложи професорката Гордана Силјановска-Давкова во единицата, иако таа имала одредени резерви.
Во двојката можен носител на листа е Владо Мисајловски, во тројката Игор Јанушев или Сашко Кедев, во четворката Александар Николовски, во петката Игор Дурловски или Рашела Мизрахи, во шестката Влатко Ѓорчев или Дафина Стојановска.
Лидерот Мицкоски вели дека чесна понуда е да се каже кој за што се кандидира, без криење на неуспехот со пратенички имунитет.
Во ДУИ, се уште се пополнуваат кандидатските листи, но носителите се познати: лидерот Ахмети во шестката, Талат Џафери во петката, Беким Незири во тројката, Арбр Адеми во двјката и Изет Меџити во единицата.
Во Алијансата, дефинирано е дека Зијадин Села ќе биде прв во Изборна единица 6, а Африм Гаши во двојка. Другите места се договараат.
Соња Николовска