Сите инспектори на службен пат – немало кој да реагира на пожолтувањето на Вардар

Ана Петровска, државниот секретар во Министерството за екологија, во вечерашната Топ Тема, изјави дека минатиот викенд кога од Арчелор Митал во Вардар истекле железните оксиди , кои ја обоија реката во жолто, државниот инспекторат не излегол на терен, бидејќи луѓето кои требало тоа да го направат – биле на службен пат.

“Во Понеделникот тие излегле на терен, но можноста за координирана акција во недела, да се земат примероци од реката и да се земат примероци од испустот, таа можност била пропуштена” – изјави Петровска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ