Сите безбедносни сили утре на готовс

Белгискиот овчар Макс има три години. Работи во полициската единица К-9 и е специјализиран за откривање на експлозиви. Макс заедно со својот водич е вклучен во обезбедувањето на посетата на папата Франциск. Неговите водичи го тестираа и скриениот експлозив, Макс успеа да го пронајде за помалку од две минути.

Крововите и горните катови на сите згради ќе бидат блокирани и обезбедени. На нив ќе бидат присутни полициски и армиски спецаијалци. Голема задача ќе вршат и снајперистите, како овој припадник на специјалците тигри.

МВР, војската и полицијата сите расположиви и потребни сили со месеци ги подготвуваат за посетатата на папата Франциск. Покрај од горе, заштитата оди и под земја. Сите шахти на местата каде ќе се одвиваат активностите на папата се заварени. Полицијата е подготвена и покрај скопската на помош се повикани и припадници на МВР од другите градови.

Посетата на папата е предизвик за сите. Досега немало такво нешто затоа што еден од најчуваните политички и верски лидери од светот, ќе има обраќање и на отворено. Ќе го чуваат искусни полицајци.

Подготовките на полицајците траат со месеци веднаш откако е обајвено дека Франциск ќе биде  првиот папа кој доаѓа во посета на Македонија. Безбедносните сили користеле искуства и совети и од полиции во пријателски земји каде веќе имало посета на поглаварот на римокатоличката црква. Во центарот но и на патиштата каде ќе се движи неговата поворка нема да биде дозволено движење со автомобили, а пристап ќе имаат само оние со влезници и акредитации.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ