
Синот убиец се уште во станица, полицијата ги испитува мотивите
Трагите од крв се уште стојат на булеварот Мајка Тереза и сведочат за семејната трагедија која се случи вчеравечер во центарот на Скопје. Расправијата меѓу синот и таткото заврши со свирепо убиство.
Караницата почнала во семејната куќа која е на само стотина метри од Клиничкиот центар. Што точно се случувало во нивниот дом засега никој не може да каже. Нивните најблиски не сакаа да зборуваат пред камерата.
Она што е познато е дека дваесет и четиригодишното момче зело нож и го избол татка си пред очите на неговата мајка и останатите членови на семејството.
Тешко повредениот педесет и петгодишен скопјанец тргнал пешки кон Клиничкиот центар за да бара помош и да си го спаси животот. Обилно крварел. Свеста ја згубил тука, на самот влез на Клиничкиоот центар. Само моменти го делеле од лекарската помош. Паднал и искрварел до смрт.
Кратко потоа уапсен е осомничениот и кај него е најден ножот со кој го уби својот татако. Тој сеуште е во полициска станица каде што полициските инспектори ги утврдуваат деталите
Денеска против него ќе биде поднесена кривична пријава за убиство и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во кривичниот суд.
Огнен Чанчаревиќ