Синот на реисот, Зеглул Реџепи е инспекторот кој се снимал во полициски час и видеото го ставил на стори на ФБ

Синот на Реисот, Зеглул Реџепи е инспекторот кој снимал видеа и ги ставал на Фејзбук. Реџепи на враќање од работа, за време на полицискиот час го снимал видеото и го објавил во делот стори на Фејзбук.

Според она што го дознава Телма на сторито се гледа како тој го вози приватното возило, и во неколку наврати го стопираат полициски контроли. Освен што се снимал сам како се идентификува ги снимал и колегите од патролите.

На стори објавите стојат 24 часа па исто толку време сите фејзбук пријатели на Реџепи можеле да го видат видеото.

Внатрешната контрола добила сознанија за ваквото однесување на Реџепи кој е самостоен инспектор во полициска станица Карпош и започна дисциплинска постапка бидејќи го нарушил угледот на полицијата и постапил спротивно од упатствата за користење на социјалните мрежи.

Полицискиот службеник З.Р., постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на МВР. Од страна на Одделот за внатрешна контрола утвтрдено е дека тој објавил видео на 08.04.2020 во 20,20 часот со вклучување во живо на својот фејсбук профил, додека се враќал од работа кон дома движејќи се по бул. Партизански одреди. Од увидот во распоредот за работа во ОКР Карпош утврдено е дека З.Р. тој ден бил работно ангажиран до 20,00 часот, соопшти министерството за внатрешни работи.
Инаку ова не е прв пат Реџепи да се најде пред дисциплинска комисија за други поситни прекршоци. Овој пат признал дека тој е авторот на видеата.

Сега се соочува со казна, а таа може да биде парична, тој може да биде симнат подолу од самостоен инсектор но може да добие и отказ.

Инаку освен Зеглул Реџепи, деновиве актуелен е и неговиот татко Сулејман Реџепи, кој во улога на поглавар на Исламската верска заедница се закани дека ако заедницата не добие пари од Владата ќе ги повика верниците да дојдат во храмовите во време на корона а како што рече тука ќе стане Бангладеш.

Уште следниот ден Владата одобри пари за факултетот на исламската заедница, но и за теолошкиот факултет.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ