Синодот на Грчката православна црква со реакција на одлуката на БПЦ
Македонија се појави во соопштение на грчката православна црква откако во црковниот спор на МПЦ се вклучи и бугарската правослвана црква.
Синодот на Грчката црква бара од соседната Бугарска да ја преиспита улогата на „мајка црква“ која си ја презеде на 29-ти ноември. Грчките владици сметаат дека бугарската црква не треба да ја спроведе одлуката за расколничката црква на Македонија. Името на државата е ставено во наводници во синоќешното соопштение на грчката црква.
„Светиот Синод ја изразува својата загриженост, поради одлуката на Бугарската правослвана црква која претставува мешање во јурисдикцијата на друга православна црква, односно на Српската Православна Црква. Тој чин, којшто е спротивен на Светите Канони и на Преданието на Црквата, ги превидува канонското право и водечката улога на Вселенската Патријаршија, што може да биде почеток на немили собитија. Светиот Синод се моли да преовладее совеста, а одлуката на сестринска Бугарска Православна Црква конечно да не се спроведе“, се наведува во писменото сопштение на ГПЦ.
Ова е прва официјална реакција на Синодот на Грчката црква, за пресвртот во деценискиот спор за автокефалноста на МПЦ откако побара, а Бугарската црква прифати да ја претставува пред другите помесни цркви. За ова, анализа во последниот број на својот весник Православие, анализа има и СПЦ. Насловот е Уште една бламажа на Македонската православна црква во раскол. Поради деценискиот спор, МПЦ решението почна да го бара наместо на север, на исток и побара, по признавање на автокефалноста, бугарската православна црква да стане мајка-црква на Македонската.
Миомир Серафиновиќ