
Сино комбе агитирало низ улиците во Ѓорче Петров
Сино комбе се движело по улиците низ скопската населба Ѓорче Петров и преку разглас испраќало пораки поврзани со изборите.
Полицијата попладнево добила ваква пријава од граѓанин кој ја посочил и улицата каде го забележал пропагандното возило но не можел да ги посочи марката и регистарските таблички.
И додека полициски екипи на терен да проверуваат дали вакво сино комбе шета низ Ѓорче Петров и екипата на Телма направи обиколка низ дел од улиците во оваа скопска населба.
Застанавме и на посочената улица 4-ти Јули во близина на едно од гласачките места. Граѓаните кои ги сретнавме ни рекоа дека не го виделе синото комбе, дел од нив слушнале на социјалните мрежи а други пак денеска го слушнале само познатото Старо купувам
Ова е само една од неколкуте поситни нерегуларности кои МВР ги бележи во текот на изборниот процес. Три пријави за фотографирање на гласачкото ливче во Тетово Аеродром и Кривогаштани
Дека гласањето минува во мирна атмосфера покажува и извештајот на Комисијата во обвинителство за следење на изборни нерегуларности
На телефонскиот број на народниот правобранител се јавиле 30-тина граѓани кои и покрај тоа што имале важечки лични карти не можеле да гласаат.
Ги немало во избирачкиот список бидејки ги обновиле во периодот по затворањето на избирачкиот список.
Една пријава била за починато лице кое се уште го имало во избирачкиот список.
Елена Ивановска Мукоска