
Синдикатот за култура на протест, бара итно потпишување Колективен договор
Синдикатот за култура е на улица. Бара итно потпишување на нов колективен договор со кој ќе уредат платите.
Бараат веќе в година да започне исплатата на повисоките примања. Вчера СДСМ потсети дека со ребалансот на буџетот нивните плати се зголемени за речиси 14%. При изработката на пресметката се утврди дека вкупниот број на лица кај кои би се јавило зголемување на платите изнесува 2.899 лица, велат од СДСМ.
Колективен договор за култура во нашата држава последен пат беше потпишан во 2005 година помеѓу СОНК- Самостоен синдикат за образование , наука и култура на РСМ и Министерството за култура.
Во овој период исто така многу често биле доделувани бруто коефициенти за пресметка на плата на нововработени кои не биле во согласност со Колективнот договор, туку коефициентите биле носени субјективно, истото се постапувало и кај новоформираните институции од областа на културата, за нововработените лица.
Разликата на платите меѓу носителите на дејности во различни установи достигнуваше 40-60%, нагласија од СДСМ.
Но, од синдикатот велат дека не веруваат во ветувањата од владата, бидејќи и минатата година биле изоставени од колективен договор, во кој според нив ќе се уредат платите и коефициентите.