
Синдикатот контра Владата – квотите за челикот ќе ја уништат металната индустрија
Синдикатот на работниците во индустријата контра владата во однос на ефектите од квотите за извоз на челик и алуминиум што ги воведе ЕУ.
Иако вчера вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека ограничувачките мерки нема да предизвикаат штети врз компаниите ниту пад на економијата, работниците сметаат дека тие силно ќе ја погодат металската индустрија. Првиот удар според Пеце Ристевски од СИЕР ќе се почуствува уште на пролет, за 30-40 % ќе се намали производството, а на исто толку работници ќе им биде загрозен статусот.
„Kвотите се намалуваат со што ќе се предизвикаат финансикси загуби, ќе се намали извозот, немаат пазар, а реална е опасноста и од откази и намалени плати, сериозен е проблемот. Чудно што Владата вели нема да се одрази на БДП, како, кога најголемиот извоз е од овие компании“, кажа Пеце Ристовски од Синдикатот на СИЕР.
Дека мерките сериозно ќе удрат врз металските компании кои имаат значителен удел во извозот и БДП алармираше директорот на Макстил Митко Кочовски. Проценките се дека загубите ќе достигнат 100 милиони евра, дека ќе се закочат инвестициите, ќе се затворат дел од погоните, а илјадници рабоници ќе бидат испратени на принуден одмор.
Анѓушев пак уверува дека ситуацијата не е така црна и апокалиптична како што се претставува во јавноста. Тврди дека не станува збор за никакво намалување на производството и извозот туку за зголемување од 5%.
„Освен квотите, 5-те фирми ќе извезуваат колку во 3 години плус 5%. Значи повеќе од 5 %. Макстил 3 години работеше во режим. Може нема да прима нови работници, но не знам зошто да отпушта, кажа Кочо Анѓушев – вицепремиер на РМ
Статистиките покажуваат дека 70% од производството на челик се извезува во земјите од ЕУ, а останатото во регионот и Турција.
Владата уверува дека процесот не е завршен. Не давајќи, како што рече лажна надеж, Анѓушев најави уште една можност за ревидирање на европските политики во јануари следната година.
Виолета З Стојановска