Синдикатите во приватниот сектор често попречувани и од трудовите инспектори

Домашните менаџери во  дел од странските компании вршат силен притисок врз работнците за да го онезвозможат синдикалното здружување, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Бараат трудовите инспектори да не ги толерираат компаниите кои    неколку пати ја повторуваат истата грешка, односно го спречуваат синдикалното  организирање.

-Голем удел имаат и државните  трудови инспекторати односно инспекторите кои не работат на ниво на нивната задача и до некаде го потпомогнуваат овој процес. Како пример ќе посочам една компанија во соседен град на Битола, каде од домашниот менаџер во странската компанија се врши директен притисок за отчленување на работниците. Имаме случај во компанија во Скопје, каде имавме 400 работници кои членуваат    во синдикатот,  денес имаме само еден работник, вели Слободан Трендафилов од ССМ.  

Сериозна пречка  за синдикално  здружување е  и тоа што работниците имаат договори за вработување на определнео време кои според постоечката законска регулатива може да се склучуваат  секој месец со што се намалува сигурноста кај работниците.

-Најголем проблем е што тоа што од страна на работовачите на оние кои ќе се здружат им се откажуваат договорите по истекот  на рокот. Во голем број на странски компании само директорот, односно менаџерот има договор за вработување на неопределено , а сите останати работници имаат договори за вработување на определено време што во една држава која е аспирант за челнство во ЕУ не би требало да се случува, вели Трендафилов .

На јавната дебата „Синдикалното здружувањ во приватниот  сектор“  во органзиација на МКЦ и општина Битола беше  речено  дека    има и исклучоци,   но сепак,   потребно е синдикатот   да го поправи  имиџот што го има  со години и од организација  која обезбедува стока на рати  да се трансформира во организација која ги застапува интересите на работниците.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ