Синдикатите незадоволни од предлогот на СДСМ за намалување на платите во јавната администрација на 14.500 денари

Синдикатот на работници од Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, упати барање до Владата да не го прифати предлогот за намалување на платите на јавната администрација до минималната од 14500 денари. Според претседателот на УПОЗ, над 75 % од вработените земаат плати под републичкиот просек и предложената антикризна економска мерка ќе ги остави без егзизтенција, а некои и без кров над глава.

Сметаме дека не е добро смислена ваквата мерка. Затоа што се нема во предвид податокот дека над 75% од вработените во јавниот сектор , имаат плата под републичкиот просек. Не се земени предвид потребите и барањата на самохраните родители кои навистина ќе останат без егзистенција. Потоа, семејства кои живеат под кирија и т.н. порача претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски.

Реагираа и од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, од каде сметаат дека предлогот е многу радикален.

Предложените мерки директно ќе удрат врз работниците , што реално се и најмалку платени во државата. Особено се жестоки реакциите од страна на просветните работници , кои , во интерес на учениците и индиретно, на државата, вложуваат надчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма, велат од СОНК.

Од СОНК бараат упатениот предог до Владата да се повлече, а ако дојде на Влада да не се изгласа. Да започне социјален дијалог со синдикатите, а за мерките да решаваат и економските експерти. А од УПОЗ, како солидарна мерка предлагаат намалување на надпросечните плати според проценти. И да се земе од побогатити, а не од поскромно платените инспектори, пожарникари, судски службеници и други кои деновиве ги исполнуваат работните задачи повеќе од 8 часа , и покрај препораките.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ