Симболичен настап на Дрита Ислами во Берлин на ЕП
Македонската атлетичарка Дрита Ислами не се прослави во својот настап на Европското првенство во Берлин. Оствари убедливо најлошо време и го освои 21 последно место во квалификациите на 400 метри со пречки.
Ислами истрча една минута, две секунди и 23 стотинки, речиси три секунди послабо од своето најдобро време (59, 33 секунди) во оваа дисциплина а беше единствената од натпреварувачките која патеката ја мина над една минута. Дека формата за континенталниот собир не е добро темпирана покажува и резултатот од настапот на Медитеранските игри во Тарагона каде истрча една минута и 68 стотинки.
Дарио Ивановски ќе биде вториот атлетичар што ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во Берлин. Утре изутрина ќе стартува во квалификациите на 1500 метри.