Силно невреме во Преспа, откорнати покриви од куќи, дрвја и бандери

Ураганско невреме со силен дожд и ветер ја зафати вечерва Песпа. Силниот ветер половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи, јавува градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски. Тој вели дека има огромна маеријална штета, вклучително и на овоштарниците, но за среќа нема повредеи или жртви.

Откорнати дрвја и бандери имало и на регионалниот пат кој води до Долна Преспа, поточно кон селата Арвати, Крани, Наколец, но екипите на локалната противпожарна брзо го расчистиле патот.  Известени се сите надлежни институции. Населението е уплашено и вознемирено, а старите мештани на селата велат дека не паметат вакво невреме и толку силен ветер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ