
Силно невреме го погоди Скопје со дожд, град, ветер и грмотевици, предизвика паднати дрва
Силно невреме, проследено со силен дожд и град, како и ветер го зафати Скопје. Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.
Под вода се повеќе локации низ Скопје по краткотрајниот и пороен дожд, проследен со грмотевици. Граѓани на социјалните мрежи објавуваат во каква состојба се нивните улици.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре во Македонија ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време, но оти условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа, во првите два дена од следната недела, времето ќе биде претежно стабилно и топло.