Силна поддршка од европските либерали за датум од ЕУ за земјава

Македонија ги исполни критериумите за да почне преговори со ЕУ и сега е останата само политичката одлука, ова е ставот на на европратениците Дачијан Чолош и Илхан Ќучук од Обнова на Европа, според кои новата методологија на ЕК треба да биде усвоена од земјите-членки.

Штом се случи тоа условите да започнат преговорите ќе бидат целосно исполнети, за што, како што рекоа, Европскиот парламент ќе притисне тоа да се случи.

„Работам за „да“ секој ден. Работиме заедно со нашите партнери да донесеме позитивна порака и да ја пренесема добрата волја на нашата политичка сила, но истовремено и да подвлечеме и да дадеме критика секогаш кога е тоа потребно. Гледам дека за одрение работи Северна Македонија има добар пристап, како за Јавното обвинителство, и би ја охрабрил владата, како и следната да продолжат да се борат против организираниот криминал и корупцијата за добробит на граѓаните“, изјави Илхан Ќучук, европартеник од групата Обнова на Европа и известувач за Македонија во ЕП.

Ќучук притоа смета дека големи работи можат да се случат и дека тие ќе се случат во Македонија, но оти за тоа  е потребна политичка волја, порачувајќи дека и владата и опозицијата треба да работат рака под рака за исполнување на стратешките цели на земјата.

Чолош кој е претседател на политичката група Обнова на Европа упати порака и за претстојните избори.

„Изборната кампања која претстои треба да се користи особено за соочување на идеите на политичарите како да ја подготват Северна Македонија да биде членка на ЕУ, да ги интегрира вредностите на ЕУ, владеењето на правото почитување на судството, слободата на луѓето и исто така и визија за економски развој на Северна Македонија“, изјави Дачијан Чолош, претседател на политичката група Обнова на Европа во ЕП.

Лидерот на Либерално демократската партија Горан Милевски пак информираше дека дел Обнова на Европа, која е трета политичка сила во Европскиот парламент и дел од мнозинството, е и партијата на францускиот претседател Макрон, поради што, како што рече, е многу значајна поддршката на оваа политичка група во Европскиот парламент за земјата.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ