
Силна експлозија во “Киро Дандаро” во Битола
Силна експлозија одекна вечерва во печатницата “Киро Дандаро” во Битола, јави ТВ 21.
На терен се излезени и противпожарните екипи но од таму нема повеќе имформации.
Битолчани велат дека по експлозијата е забележан и чад. Надлежните за утре најавија повеќе имформации.
Инаку во печатницата “Киро Дандаро” се печати секој изборен материјал.
Екипа на Телма се упати кон местото на експлозијата, подоцна очекувајте повеќе информации.