
Силјановска бара селфи како доказ за храброст, Петровски се жали на опструкции
Силјаносвка тргна со барања за самослик (селфи) фотографии за сите оние кои ќе и дадат потпис за кандидатура. Филип Петровски тврди дека се бори со опструкции во неколку града. Амди Бајрам има солидна поддршка во канцелариите на ДИК во Чаир под кои се наоќа и неговата родна Шутка. Во игра се уште двајца помалку познати кандидати. Сите петмина ќе се обидат во наредните 15 дена да соберат по 10 илјади потписи од граѓани за да ја обезбедат кандидатурата.
Пребројувањето почна, најсериозно го сфати кандидатката избрана на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ги повика симпатизерите по ставањето потпис на неа да се сликаат на местото и да го стават на социјалните мрежи. Партискиот лидер беше меѓу првите кои се самосликаа по повикот. Очекувањата се дека уште првиот ден ќе се соберат потребните 10 илјади потписи и со победа на претседателски избори ќе почне падот на Заев. Мицкоски уште еднаш ги повтори сега проширените барања за опозицијата да учествува во гласањето за системските реформи и во процесот Жан Моне.
СДСМ не прибира потписи туку допрва ќе бира кандидат. Се уште не е познато дали ќе имаат сопствен и самостоен или заеднички кандидат.
Според информации од местата каде се прибираат потпис, Амди Бајрам има собрано солиден број во местата во Чаир. Од друга страна Филип Петровски пак се жали преку својот Фејсбук профил за опструкции односно дека во некои градови не се покажувала листата на имињата за кои може да се даде потпис. Од врвот на ДИК вршеа теренски проверки и тврдеа дека засега се тече регуларно.
Миомир Серафиновиќ