Силен ветар превртел полициски хеликоптер на скопскиот аеродром- еден повреден член на екипажот

Полициски хеликоптер се превртел околу 11:30 часот на пистата на скопскиот аеродром. Од МВР потврдија дека хеликоптерот по слетувањето се превртел најверојатно поради силните налети на ветрот. Екипажот и пилотите кои биле внатре во превртениот хеликоптер се водобра состојба, а еден од нив имал повреди, велат за Телма од МВР. .

Хеликоптерот бил планиран за лет во рамки на тренажен процес, односно за обука на екипажот. Пред полетувањето хеликоптерот од тип МИ17 полнел гориво и тогаш на платформата се превртел на пистата. МВР соопшти дека еден припадник на екипажот е полесно повреден. На лице место увид вршат припадници на полицијата, а истрагата ја води комисијата за испитување на сериозни воздухопловни инциденти.

МВР потоа издаде соопштение:

Денес околу 11.30 ч. пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 од засега непознати причини при полетување паднал. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ