Сиљан Мицевски во обвинителство на распит за “Рекет“

После водителката Лила Филиповска претпладнев, во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дојде бизнисменот Сиљан Мицевски, кој во овие моменти дава исказ за случајот “Рекет“.

Пред да влезе во зградата на обвинителството тој на новинарите им кажа дека вторпат доаѓа тука и дека ќе си ги бара парите што ги дал на Меѓународниот сојуз на Боки 13-ка.

„Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз на Јовановски и нормално дека ќе си ги барам назад“, рече бизнисменот Силјан Мицевски.

На 19 август, во обвинителството сведочеше Лилјана Тодоровска, на чија сметка бизнисменот Силјан Мицевски на име на авторски хонорар уплати 720 илјади евра за наводен проект за старски домови.

Тодоровска рече дека парите ги подигнала во кеш и ги дала на лице од Меѓународниот сојуз на Боки 13, без да прецизира за кого точно станува збор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ