Сиљан Мицевски пред обвинителството сведочел во корист на Боки 13 – не бил рекетиран

19 304/17 Под овој број е заведена фактурата со која Бизнисменот Сиљан Мицевски уплатил 720 илјади евра за идејниот проект на пензионерката Љиљана Тодоровска, а требало да го реализира Меѓународниот сојуз на Боки 13. Ова за Телма во телефонски разговор го сведочи Мицевски, кој вели дека пред себе ја има фактурата со која ги исплатил парите. Сметката на која се платени е Македонската авторска агенција која пак и ги исплатила парите на пензионерката Тодоровска за идејниот проект. Тој знаел дека Тодоровска во количка отишла да ги подигне парите бидејќи имала незгода, дел околу 10 илјади евра и задржала банката за неплатен кредит, а остатокот и ги земале луѓето од мѓународниот сојуз.

Никој не ме рекетирал. Можат што сакаат да зборуваат за Бојан Јовановски но тој кај мене дојде со реален проект и со ништо ме нема уценувано. Договорот е јасен, потпишан од неколкумина членови на невладината на Боки, Меѓународен сојуз и сега поради тоа што не се исполнети условите од страна на сојузот јас поднесов тужба вели за Телма, Сиљан Мицевски – сопственик на „Пелистер“. 

Мицевски е убеден во тоа дека проектот за изградба на куќарки за пензионери ќе бил успешен. Ја имал поддршката и од градоначалникот на Охрид Јован Стојановски, но тој починал. Боки му понудил неговата градежна компанија да реализира таков проект и во Дојран, но сопственикот на Пелистер одбил.

  • Требаше да градиме 50 дрвени куќарки со по 4 станбени единици на ридот над Градиште. Се работеше за 200 апартмани од кои во една третина би престојувале пензионери од странство а во остатокот домашни. Сојузот ќе ги користеше пет години а по тоа ќе беа наши. Бизнис логиката ни беше дека и да ги продаваме ќе одеа како алва, вели за Телма, Сиљан Мицевски – сопственик на „Пелистер“ .  

Мицевски вчера беше повикан пред обвинителката Вилма Русковска, ни како сведок ниту ни осомничен, туку како лице кое треба да даде информации. Тој беше контрадикторен во првичните информации кои ги даде за телма, дека парите ги уплатил на сметка на пензионерката, а вчера рече на меѓународниот сојуз. Сега и УЈП влезе во неговата фирма и го проверува договорот кој го има со Меѓународниот сојуз на Боки 13 кој заедно со специјалната обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милевски се во притвор поради случајот рекет.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ