
Си веруваат ли македонските тајни служби – една на друга?
Недостатоците во законските предлози за следење на комуникации може да предизвикаат тајните служби да станат шопинг центар за информации кои може да се злоупотребат, предупредува Марјан Ѓуровски од факултетот за безбедност. Од друга страна тајните служби пак сметаат дека мора да се работи на професионализам во службата, како и на поголема соработка меѓу нив.
Македонските тајни служби се координираат, ама некогаш кријат што работат и не си веруваат едни на други, објаснува првиот човек на Агенцијата за разузнавање, преку пример кога директор на странска агенција бил на гости во Македонија кај една тајна служба. Неговиот домаќин не го пуштиле во другата македонска тајна служба, туку го пропуштиле само гостинот.
Иванов не откри кој бил лошиот домаќин. За неговиот колега од одбраната професионалците работат, а поединци чие име и презиме е познато ги извршиле злоупотребите поради кои се спроведуваат реформите.
Професорската јавност и натаму ја плашат недостатоци на предложените закони кои според нив може да донесат и злоупотреби на вработените во службите.
Професорите бараа со законот, во тајните служби и во ОТА да бидат вработени луѓе кои имаат само македонско државјанство, а не како сега кога може и двојни државјани да се во службата.
Факултетот за безбедност организираше втора дебата за реформите на следењето, за која се бараат дополнително кристализирање на законските овластувања за да се спречат идни злоупотреби.
Миомир Серафиновиќ