Uncategorized Шведска остана во игра за полуфинале по триумфот над Белорусија
Голманот Андреас Паличка ја предводеше Шведска во првата победа од Главната фаза на Европското ракометно првенство во Хрватска. „Викинзите“ без проблеми и очекувано ја надиграа Белорусија со 29:20 и ги задржаа шансите за полуфинале пред одигрувањето на последниот меч во Групата 1.
Во „Арена Загреб“, Паличка ги спушти „ролетните“ на својот гол и со 20 одбрани и еден погодок беше најзаслужен за двата бода на својата репрезентација и оправдано на крајот беше избран за најдобар играч на натпреварот. Хампус Ване и Албин Легергрен двајцата со по четири голови го предводеа нападот на Шведска. Артсем Каралек и Улаѕислау Кулеш, исто така со по четири погодоци, беа најдобри стрелеци во поразениот тим.
Разултати 2. коло – Група 1:
Србија – Франција 30 – 39
Шведска – Белорусија 29 – 20
Двојки 3. коло (24 јанури):
Србија – Белорусија 16:00
Шведска – Норвешка 18:15
Хрватска – Франција 20:30
Табела:
1. Франција 8 бодови
2. Хрватска 6
3. Шведска 6
4. Норвешка 4
5. Белорусија 0
6. Србија 0



