Штрајкот на затворениците од Идризово се прошири и во прилепскиот затвор (видео)

Штрајкот на затворениците денеска се прошири и во прилепскиот затвор. По примерот на затворот „Идризово„, од денеска и тие одбиваат да земат храна. Се обидуваат со глад да издејствуваат амнестија, односно да бидат опфатени со Законот за помирување што се подготвува во Собранието.

Од вчера над 600 затвореници, од истата причина штрајкуваат во затворот „Идризово„. Испратија писма до премиерот и до затворската управа, во кои бараат амнестија, но Заев веднаш ги одби. Изјави дека Закон за општа амнестија веќе имаше и не може во следните пет години да се повтори. Со тој закон беа амнестирани 815 затвореници, осудени на казна до пет години затвор.Министерката за правда се согласува со ставот на премиерот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ