Штотуку родено бебе оставено пред Домот за доенчиња во Битола

Битолчанецот го пронашол бебето овде, пред Домот за доенчињ во Битола. Тоа на себе се уште ја имало алката со бројче што ја добиваат мајките и бебињата во болниците, но според штипчето на папочната врвка се претпоставува дека не е родено во битолската болница.

Токму  по алката и штипчето кое е ставено на паопчната врвка на бебето по породувањето, полицијта треба да открие во која болница е извршено породувањето, кои се родителите и кој го оставил бебето пред Домот за доенчиња. Неофицијално Телма дознава дека бебето е родено само пред неколку дена во прилепската болница.

Настанот се случил доцна синоќа 15 минути пред полноќ, кога педесет годишен битолчанец пријавил дека бебе е оставено пред Домот за доенчиња во Битола. Полицијата и социјален работник од Центарот за социјални работи веднаш извршиле увид, разговарале со битолчанецот кој го пријавил случајот, а бебето е однесено на преглед во одделението за неонатологија во Клиничката болница во Битола.

Констатирано е дека станува збор за здраво женско бебе, старо  само неколку дена. Дека е во добра здравсртвена состојба потврдил педијатар и при денешниот преглед, велат од Домот за доенчиња, каде бебето е сместено додека трае истрагата.

Од полицијата велат дека се работи на расветлување на случајот и не откриваат повеќе детали во интерес на истрагата.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ