
Што значи зборот „укажувач“? Граѓаните не знаат, институциите го игнорираат
Што значи зборот „укажувач“?Тоа не им е јасно ниту на граѓаните, ни на одговорните во институциите, иако веќе четири години постои закон со кој се регулира заштитата на луѓето кои ќе се осмелат да пријават корупција на работното место. Од 1.314 државни институции, само 79 назначиле лице за внатрешно пријавување на корупција, а само 4 имаат лице и за надворешно пријавување.
Законот не се почитува ниту од приватните компании, а дури ни на врвот на државната пирамида, не е лесен патот до заштита на укажувачите. Институциите се должни на секои шест месеци да поднесуваат извештај до Антикорупциската комисија. Ако не поднесат, им следува висока парична казна. Но, ниту тие го почитуваат законот, ниту некој казнува поради тоа.
Не се почитува ниту од приватните компании, а дури ни на врвот на државната пирамида, не е лесен патот до заштита на укажувачите. Институциите се должни на секои шест месеци да поднесуваат извештај до Антикорупциската комисија. Ако не поднесат, им следува висока парична казна. Но, ниту тие го почитуваат законот, ниту некој казнува поради тоа.
Како пример за непочитување на законот, во истражувањето на Центарот за стратешки истражувања се спомнува случајот со просветниот инспектор, кој укажа на злоупотреби на Тетовскиот универзитет, во кои се вмешани и министри на ДУИ, а кој заврши неславно. Наместо да биде заштитен, беше даден на дисциплинска комисија, а неговиот идентитет беше веднаш откриен. Тоа, велат ги демотивира луѓето да пријавуваат корупција, иако бројките се алармантни.
Истражувањето покажува дека, минатата година околу 520 илјади луѓе во Македонија биле вклучени во корупција. Тоа значи дека, се извршени минимум половина милион коруптивни кривични дела.
Далиборка Демјанска Цветановска