Штипското инфективно одделение подготвено да прими 35 пациенти

Испразнети се болничките соби на штипското Инфективно одделение. Началникот на одделението Дијана Шишкова вели дека имаат 15 соби и 35 болнички кревети доколку се одлучи пациентите кои биле во контакт со болни од корона вирусот веднаш можат да се сместат во изолација на ова одделение.

Пациентите коишто досега се лекувале на ова одделение од обичен грип се испратени дома, додека потешките случаи се упатуваат на Клиниката во Скопје.

На ова одделение има и две карантински соби, кои имаат посебен влез и излез според медицинските протоколи. Шишкова вели дека очекуваат да добијат скафандери, а додека останатата заштитна опрема ја имаат. На ова одделение има тројца инфектолози, на кои  им помагаат и двајца лекари и 11 медицински сестри.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ