
Штипското Инфективно одделение деновиве се полни со пациенти, уште шест слободни кревети
Се зголемува бројот на пациенти во штипското Инфективно одделение, денеска има 29, со што остануваат слободни уште шест болнички кревети.Директорот на Клиничка болница, Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека доколку деновиве се пополни инфективното, спремни се за неколку часа да го ослободат одделот за неврологија.
25 пациенти се лекуваат, а четворица се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од брисевите, станува збор за пациенти од повеќе општини од источниот регион. Засега ниту еден од респираторите на Инфективното не е вклучен, потешките се испраќаат на Клиниките во Скопје, каде што се двајца пациенти.
Штип е постојано во дневните здравствени билтени, новите случаи на заразени со коронавирус се регистрираат од новите фабрички кластери, а се појавуваат и нивни контакти со симптоми.
Викторија Јованова