Штипските средношколци поднесоа петиција до Министерството за образование

Над 50 завршени средношколци само од Штип денеска се потпишаа на петицијата до Министерството за образование, со која бараат и оваа година да се запишат на некој од факултетите во земјава со положена училишна матура. Се сообраа пред Центарот за култура, каде што се вршат уписите на штипскиот универзитет. Револтирани се што надлежните институции и нивните училишта не ги информирале за новините во законот, во којшто децидно стои дека на факултет се запишува само со положена државна матура, а не и со училишна.

На матурантите без положена државна матура денеска им се приклучија и претставници од приватните студентски домови во Штип. Сметаат дека со почитување на оваа зкаонска одредба студентските домови во Штип нема да се пополнат

Универзитети се децидни дека законот за високо образование не можат да го прекршат и затоа не ги примаат документите на матурантите без оценките од државната матура. Телма се обрати до министерството за образование и чека одговор.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ