
Штипскиот универзитет со нова електронска платформа за упис на студенти
Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ за два дена ја стартува новата електронска платформа за упис на студенти во прва година, кои почнуваат на 24 август. Платформата се воведува за да се намалат ризиците од ширење на коронавирусот.
Универзитетите чекаат насоки, како ќе се организираат приемните испити, каде што ќе има и поголем интерес. Оваа година има околу 13.000 завршени средношколци, со што бројката е помала во споредба со минатите години.
На штипскиот универзитет слободни места има за 3.800 студенти, а предвидени се 300 стипендии од кои и 66 за оние кои ќе се запишат на Филолошкиот факултет.
Викторија Јованова