
Штипскиот стационар за кучиња скитници работи согласно прописите
Штипскиот стационар за кучиња скитници работи, согласно законските прописи, а здруженијата за заштита на животни ако имаат забелешки можат да се обратат до општината.
Во моментов до
нив не е пристигната никаква пријава, со која ќе се бара одговорност од
општината и од Ветеринарната станица, која го доби тендерот за заловување и
грижа на кучињата, како што вчера во соопштението беше наведено од Анима
Мунди.
Стационарот работи два месеца, анализите на Ветеринарниот институт покажале
дека од заловените кучиња, кај 40 отсо е регистрирана болеста лишманиоза.
Кучињата се
резервоар на паразитот, а со помош на мушички кои ги каснуваат се пренесуваат и
на луѓето. За половина година на инфективното одделение се регистрирани 111
каснувања од кучиња, секое каснување носи и ризик од заразни болести.
Мината година во Штип се регистрирани три случаи на лишманиоза кај луѓето, од
којшто еден од пациентите и почина. Лекарите оваа болест ја нарекуваат и црна
смрт, бидејќи тешко се открива, а оние кои имаат миленици апелираат постојано
да се под третман и да прават анализи.
Викторија Јованова