Штипскиот кризен штаб донесе нови мерки за заштита на населението

Седумте лица кои се позитивни на Ковид-19 се во домашен карантин, бидејќи имаат лесна клиничка слика. Во изминатите 24 часа во Центарот за јавно здравје Штип се тестирани четири граѓани, од кои еден од Штип, а остантите од други градови од истокот. Сите се негативни. Штипскиот кризен штаб денеска донесе и нови мерки, а градоначалникот Благој Бочварски ќе побара листа на лицата кои се во самоизолација, со цел да се преземат поголеми превентивни мерки.

Во Штип во самоизолација се вкупно 190, а на ниво на целиот источен регион оваа бројка изнесува 541 лице. Што се однесува за шпекулациите дека одредени лица не ја почитуваат оваа мерка, откако се вратиле од странство, Бочварски повика граѓаните да веруваат на информациите од надлежните институции.

Од денеска отворен е пункт за тестирање на граѓаните во Здравствениот дом Панче Караѓозов. Полицискиот час на територија на целиот источен регион не е почитуван од тројца граѓани, опоменати се од полицијата, а од вечерва почнуваат и поригорозни мерки.

Викторија Димитрова Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ