Штипјани и во зима и во лето дишат најчист воздух во државата

Штипјани и во зима и во лето дишат најчист воздух во државата, покажаа истражувањата на лабараториајта АМБИКОН на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, којашто мерни станици има поставено и во Струмица, Прилеп, Скопје и  Кавадарци. Резултатите, кои ги користат за научни цели, но и за потребите на локалните власти, како и на државно ниво се идентични како и на оние што ги покажуваат инструментите на Министерството за животна средина. Разликата е во тоа што мерните инструменти самите ги направиле.

„Бројките што ги гледате на станиците се моментални бројки или часовни просеци и тие не се просекот, којшто вие реално го имате за 24 часа. Највисокиот минатата недела беше околу 600 за 24 часовен период, што е многу високо загадување, на новата станица во Прилеп. Ништо подобри не беа и во Кавадарци, Струмица, Скопје“.

Дефинитивно домаќинствата, односно греењето на дрва е причината број еден за загадувањето на воздухот во котлинските градови во земјава. Научниците од лабаторијата АМБИКОН имале и исттражување со волонтери во неколку градови, коишто со себе  ги носеле мерните инструменти, на работните места, дома, прошетки во природа, трговски центри и во автомобилите за да се види колкава е изложеноста на луѓето на загадувањето на воздухот. Кај нив просечната изложеност на загаден воздух била под дозволените граници.

Научниците забележуваат дека добро е што има мерки за субвенционирање за промена на начинот на греење на македонските домаќинства, конкретно од дрва на пелети.Но, поголемите инвестиции во гасификација, како и опфаќајќи поголем број на граѓани со субвенциите се решенијата, коишто за неколку години ќе се исплатат, а ќе се надмини и проблемот со загадувањето на воздухот, којшто е централна тема секоја зима.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ