
Штип се солидаризираше за малата Симона
Штип по вторпат се солидаризираше за да се спаси дете. На повеќе локации во градот се организираат хуманитарни акции и концерти со цел да се соберат над 140.000 евра за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, која боледува од акутна нелимфобластна лекумија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб.
Деца и ученици од штипските градинки и училишта, но и од клубовите денеска беа дел од спортските игри, со цел да се привлечат што е можно повеќе донации за четиригодишната Симона.
Волонтерите на Црвениот крст се на неколку пунктови, локални бендови самоницијатвно организираат концерти на улица, мото клубови од регионот веќе собраа средства за Симона, фудбалскиот клуб ФК Брегалница донесе одлука средствата од продадените билети од натреварите на домашен терен до крајот на полусезоната да ги донираат. На социјалните мрежи се упатуваат апели да се донира за лекување на малата Симона, како на жиро сметка, така и на отворените телефонски броеви на мобилните оператори.
Викторија Димитрова Јованова