Штип – ново жариште на КОВИД 19

Штип е новото жариште на коронавирусот, денеска се регистрирани четири новозаразени работнички од конфекцијата, која од вчера е затворена. Вкупната бројка на позитивни вработени во оваа конфекција се искачи на десет. На Инфективното одделение од денеска е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти, вкупно се девет, од кои четири се текстилни работнички.

Епидемиолозите во изолација ставиле над 55 нивни колеги, членови на семејства и пријатели, кои биле во контакт, со цел да не се шири вирусот. Бројката се очекува да се зголемува и наредните денови. Досегашните анализи покажуваат дека некои од работничките имале контакт со заразени од претходните кластери, па вирусот на тој начин и се ширел низ погонот. Тимовите во текот на денов земале уште шест брисеви, кои се поврзани со работничките, а се лоцираат и работниците од другите конфекции кои се превезувале со истиот автобус до нивните работни места. Кристина Ампева од Гласен Текстилец вели дека меѓу работничките сега  постои страв и се дисциплинирани во делот на мерките, а во автобусите не смеат да влезат без заштитна маска. Работодавците и локалната власт веќе работат и на дезинфекција на погоните и автобусите.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ