
Штети од силното невреме има и во штипскиот регион
Штети од силното невреме има и во штипскиот регион. Дел од земјоделците од селото Врсаково велат дека ги осигурале своите посеви, но претставниците од компаниите се уште не излегле на терен, за да ги проценат штетите на лозовите и овошните насади и житните култури.
Во светиниколскиот регион формирана е комисија за проценки на штетите од невремето од страна на општината. Во понеделник ќе излезат на терен, а покрај штетите на земјоделските култури ќе ги проценуваат и штетите на куќите и фармите. Од силниот град и ветер урната е и кровната конструкција, која го заштитува археолошкиот локалитет Била зора.
ВИКТОРИЈА ДИМИТРОВА ЈОВАНОВА