Штерјев: Против мене се води хајка!

Вечерва гостин во Ноќно студио беше Коле Штерјев, Претседател на Совет на јавните обвинители на РМ, во центарот на јавноста со бројни критики и забелешки, откако Советот ја унапреди во обвинителството за организиран криминал внуката од неговата жена, а назад во основното обвинителството ја врати обвинителката која водела предистрага за сопругот на член на Советот.

Штерјев кажа дека не може да го коментира документот на членот на ДКСК, околу одлуката за именување за обвинител на неговата роднина, и според него е симптоматично како станал веднаш достапен во јавноста.

„Пред 10 дена доставив информации до ДСКС, и е дискутабилно кога тие се изјаснуваат како една делигитимирана институција“.

Штерјев кажа дека роднината Марија Ѓоршева ја познава откако ја познавал сопругата, и додаде дека ги консултирал прописите и дека не бил во крвно сродство со внуката на неговата жена.

„Советот беше во ситуација или да си врши работата или не, беше итно да се спроведе гласањето затоа што беа истечени мандатите“, кажа Штерјев.

„Од морални причини гласав воздржано, но учествував затоа што без мене ќе немаше кворум за да се одржи седницата“. Тој додаде дека Марија Ѓорѓева била избрана со 7 гласа.

Штерјев смета дека легалистички гледало, постапил правилно. Тој се пофали во односот кон медиумите и транспаретноста откако станал Претседател на Советот, и дека реакциите на јавноста се силни заради зголемениот сенсибилитет, како резултат на траумите од претходниот систем.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ