
Штериев: Не размислувам за оставка
Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев, кој беше гостин во Ноќно студио на Телма вели дека и покрај тоа што Марија Ѓорѓева му е внука од страна на неговата сопруга, а која беше избрана за обвинител- тука не постои непотизам и судир на интереси, туку дека станува збор за хајка против него од страна на одредени медиуми на која и се приклучил и заменик министерот за правда Оливер Ристовски.
Штерјев е дециден дека и покрај реакциите во јавноста, тој не си дава оставка.