
Шпанскиот амбасадор за ратификацијата на протоколот за НАТО до 12-ти февруари: Тешко, но не и невозможно!
Се поизвесно е дека собранието предвреме ќе го ратификува протоколот за членство на земјата во НАТО.
Најава за ова е и денешната изјава на шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо кој рече дека не верува дека Шпанија ќе го ратификува протоколот до 12-ти февруари, денот кога се распушта македонското собрание.
Амбасадорот објаснува дека протоколот, иако помина во шпанската влада, не е поминат низ сите тела. Ратификацијата се надева дека ќе биде во февруари, но не до 12-ти.