Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со ЈП Државни патишта за изградба на делницата Фариш – Дреново

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на 10 километарска делница од Фариш до Дреново, затоа што не им била исплатена последната фактура.

Ова го тврди  директорот на јавното претпријатие Зоран Китанов, и вели дека компанијата бара 10 милиони долари отшетно побарување.

Поради тоа што  компанијата не доставила програма за работа со каква динамика ќе ги изведува активностите и затоа што  го напуштила градилиштето, со одобрени на кредиторот ЕБОР, јавното претпријатие исто така поднело барање за раскинување на договорот и  за активирање на  банкарската гаранција на „Рубау конструксионес“ од 7,7 милиони евра.

Целата процедура  трае веќе еден месец, а Китанов твди дека претходно „Рубау“ се обидувала да ја даде трасата на други фирми.

Во меѓувреме 3 месеци не доставиле план за работа за оваа година, а изведувачот неколку пати бил опоменат за ниската ефикасност, не само од актуелниот туку и од претходните директори nа јавното претпријатие за државни патишта.

Шпанската компанија во 2015 година беше ангажирана за изградба на втората делница од  Прилеп до Градско, односно  10 километри  пат од Фариш до Дреново, а вредноста на договорот е  31 милион евра. Реализираше само 35 проценти од предвиденото со договорот.

Јавното препријатије најпрво ќе направи анализа на досега изведените работи на оваа делница, по што ќе се  распише тендер за избор на нов изведувач, а Китанов се надева дека сите процедури ќе завршат до март следната година.

Првата   делница од  патот  Прилеп Градско се одвива без проблеми, а  за изградба на третата  делница,  во тек е постапка за проект кој ќе се финансира од ИПА програмата на ЕУ.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ